Насловна / Арт и дизајн / Пат кон никаде

Пат кон никаде

pat kon nikade_2_resizeСкалила кои не водат никаде е архитектонска инсталација на италијанските архитекти од студиото “Ecru Architetti”, a својот почеток го наоѓаат во внатрешен простор кој со години е напуштен и во кој нема никој. Со силна сина боја, овие скалила излегуваат надвор директно низ прозор од стариот напуштен објект, почнуваат да се „искачуваат“ над потокот и престануваат на половина пат. На прв поглед, тие му даваат нова смисла на напуштениот објект, го освежуваат неговиот изглед, истиот дише со нов живот, а истовремено ја нагласуваат безнадежноста на нејзината внатрешност. Ова дело беше реализирано неодамна, а се наоѓа во градот Biella, во италијанската провинција Piedmont.pat kon nikade_3_resizepat kon nikade_1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top