Насловна / Арт и дизајн / Pantone ја прогласи ултра виолетова за боја на 2018

Pantone ја прогласи ултра виолетова за боја на 2018

Не сте сигурни која боја треба да се избере за ново лого? Со која боја сакате да го акцентирате новиот ентериер? Еве го одговорот! Институтот за бои Pantone ја прогласи Ultra Violet за боја на 2018 година, која ја опишува како „драматично провокативна и деликатна нијанса на виолетовата боја”.pantonе
Таа не се разликува многу од новата боја, која Pantone ја лансира оваа година, а која е во чест на Prince – музичката поп икона која почина во април 2016 година.
Според соопштенијата на Pantone, оваа нијанса на пурпурна боја е веќе прифатена  кај технолошките и медиумски компании, а најочигледни примери се NBC Universal и Twitch, кои го усогласиле нивниот визуелен идентитет со оваа боја.
Секој декември од 1999 година, компанијата Pantone објавува боја што ќе ја одбележи следната година врз основа на анализи на трендови. Во 2016 година, Pantone ја избра мешавината од пастелна Rose Quartz и сина Serenity боја, додека за оваа година беше зелената боја Greenery.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top