Насловна / Вести / Овие две растенија ќе го променат ликот на вашиот дом и балкон

Овие две растенија ќе го променат ликот на вашиот дом и балкон

Caladium и begonia maculata позната и како точкеста бегонија, нема да остават никого рамнодушен. Овие две убавици со необични лисја се одличен предлог за освежување на домот, но и на балконот, бидејќи успеваат и на отворено.

БЕЛ КАЛАДИУМ

Каладиумот е тропско растение и се појавува во различни прекрасни нијанси на розова, зелена и бела, но оваа последнава е навистина хит! Голема предност на атрактивноста на ова растение се големите листови во облик на срце, како и зелените капилари на нив, кои често стануваат точки.

Каладиумот не е захтевен за одржување, но сепак треба да се знаат некои работи. Успева на топло место, но не сака директно сонце, па затоа е најдобро да се постават во (полу)сенка, и во екстериер и во затворен простор. Но, затоа ја сакаат влагата, затоа не двоумете се да ги полевате обилно.

Каладиумот е доста отпорен, но не треба да го чувате надвор кога температурата ќе падне под 11°C. Во потопли подрачја, може да се засадат во градинарски леи и да се остават преку зима.

Како и повеќето растенија, каладиумите најдобро успеваат на плодна, добро дренирана почва. Во текот на сезоната на растење, каладиумите треба повремено да се наводнуваат со течно ѓубриво.

 

 

ТОЧКЕСТА BEGONIA MACULATA

Ова растение е со големи листови со точки и тешко ќе го заобиколите во некој ентериер.  Лесно е забележливо дури и кога е опкружена со многу други саксии, благодарение на неговите големи издолжени зелени листови со бели точки, испакнати како јазли. Потекнува од Латинска Америка и припаѓа на семејството Befoniaceae, расте многу брзо и може да порасне до грмушка од 1,5 метри.

Begonia maculata е многу едноставна за одржување и ќе успее дури и кај оние кои не се многу вешти во одгледувањето цвеќиња. Можете да ја чувате и на отворено во текот на потоплите месеци, но единствениот услов е температурата да не падне под 15°C и да не надмине 24°C. Исто така, без разлика дали е внатре или на балкон, не ја изложувајте на силна, директна сончева светлина бидејќи ќе се оштетат листовите, особено цветот.

Не претерувајте со вода и полевајте ја само кога горниот слој на почвата е сув. Вишокот на влага ќе предизвика паѓање на листовите. Begonia maculata сака лесна и добро дренирана почва.

Во пролетните и летните месеци, очекувајте розови, црвени или бели листови кои изгледаат како мали привезоци. За да се поттикне цветањето, потребно е да се дохрани со ѓубриво.

И уште еден корисен совет: Бeгонијата со точки не сака да се изгуби во преголема саксија.

Испрати коментар

Scroll To Top