Франција стратуваше со аукции за производни капацитети на електрична енергија од обновливи извори со вкупен капацитет од 12 GW. Предност ќе имаат проекти со поголем удел на европска технологија, со цел да се зајакне енергетската независност на Европа. Исто така, најавено е дека во наредните аукции ќе бидат воведени критериуми од областа на сајбер безбедноста. Критериумот за „отпорност“ има за цел да даде предност на компонентите произведени во Европа, со што се намалува зависноста од увоз, посебно од Кина. Кај соларните проекти, овој критериум се однесува на фотонапонските ќелии и модули. Кај проектите на офшор електрани, највеќе четири од девет стратешки компоненти може да потекнуваат од Кина, додека уделот на кинески трајни магнети во турбините не смее да надмине 50%.

Францускиот министер за финансии соопштил дека новите критериуми се дел од долгорочната стратегија за воспоставување на домашни синџири на снабдување.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија