Насловна / Арт и дизајн / Отворена изложба „Апстракција во современото македонско сликарство и склуптура“

Отворена изложба „Апстракција во современото македонско сликарство и склуптура“

petar-mazev-slika

Изложбата „Апстракција во современото македонско сликарство и склуптура“ на која се претставени околу 80 дела на македонски уметници од сите генерации, е отворена денеска во Чифте амам.

Изложбата ретроспективно ги обработува појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја непредметната уметност како доминантен израз во македонската ликовна уметност, а ја подготви Златко Теодосиевски.

petar-hadzi-boskov-sklupturi

– Основна цел на изложбата е да прослави 60 години од македонската апстракција во ликовната уметност. Основните истражувања на македонската историја на уметност кажуваат дека кај нас во 1956 година се појавуваат првите апстрактни дела. Бидејќи на изложбата имаме и дела од 2016 година заокружуваме 60 години, што е убава бројка за наши услови, рече Теодосиевски.

Изложбата, посочи, е концепирана главно од дела што се во сопственост на Националната галерија на Македонија со некои понови освежувања кои ги позајмивме од авторите бидејќи последниве години немаме соодветен откуп.

dragutin-avramovski-gute-slika

Тој изрази надеж дека изложбата ќе биде отворена до почетокот на февруари.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од Петар Мазев, Драгутин Аврамовски-Гуте, Петар Хаџи Бошков, Миле Корубин, Борис Николовски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Јордан Грабулоски, Борко Лазески, Слободан Филовски, Танас Луловски, Татјана Миљовска, Златко Глигоров, Благоја Маневски, Решат Ахмети, Влатко Миладинов,…

 

Испрати коментар

Scroll To Top