Насловна / Вести / Опуштете се и уживајте на отворено

Опуштете се и уживајте на отворено

Без разлика на тоа колку е мал, вашиот двор или балкон можe да бидат претворени во неверојатна оаза на отворено. Изградбата на пергола е одличен начин да се заштитите од сонце, да создадете засенет простор за седење. Перголата е одлично место за одмор во ладовина, а ја задржува и опцијата на приватност. Создадете светол и грациозен изглед.Pergola-Lux

Новитет во понудата на Profine е програмата под назив Kömmerling пергола и на пазарот е од септември годинава во 16 основни модели. Примарен материјал е алуминиумот, кој бара минимално одржување, со челик кој се користи каде што е потребно, на структурно соодветни места. Pergola-Helios-Graphik-1

Перголите се до седум метри ширина, зависно од варијантата, а висината е 2,5 метри. За почеток, Profine нуди 16 варијанти со иста кровна конструкција, но со различна основна структура која може да се надополнува на различни начини, на пример со додавање на бочни компоненти како што се ролетните или стаклата. Завршната обработка е можна во повеќе од 300 бои.Pergola-Occlus

Перголата можете да ја направите во вид на трем, како продолжение на вашиот животен простор, но исто така можете да ја сместите како самостоен објект во кој било дел од вашиот двор.profine-Group-pergola-energetska-ucinkovitost

Перголите се многу декоративен елемент во секој двор. Тие се одлично решение за заштита од сонце или простор кој ќе биде украсен со најубавите билки. Нивната структура овозможува да уживате во природата, дури и кога времето не е сончево. Во екот на летото, можете да се опуштите и да се забавувате надвор опкружени со своето зелено засолниште, додека перголата со покрив ќе ја продолжи сезоната на уживање и на есен.

Pergola-Celsius 1 Pergola-Boreal

Испрати коментар

Scroll To Top