Насловна / Вести / Општина Штип во инфраструктура за Овчеполието за три години инвестирала 960.000 евра!

Општина Штип во инфраструктура за Овчеполието за три години инвестирала 960.000 евра!

Во штипското село Врсаково се асфалтираат четири дополнителни улици на барање на локалните жители. Инвестицијата е во вредност од 20000 евра, а изведувач на зафатот е градежната фирма „Ве груп“ од Радовиш.02.Vrsakovo5
– За три години општината инвестирала 960.000 евра во овој регион. Половина милион евра чини патот кој ги поврзува селата Трогерци и Врсаково, обновата на делницата кон Судиќ чини 60.000 евра додека само лани во првата фаза на асфалтирање на улици низ село Врсаково инвестираше 130.000 евра. Во 2013 година, асфалтиран е патот до село Сарќиево во вредност од 250.000 евра – изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност.
Тој напомена дека локалната самоуправа планираат и пат со кој Врсаково ќе се поврзе со село Мустафино а во план е и водовод за Врсаково и село Криви Дол.
Во Штип започна асфалтирање на три крака од улиците „Димо Хаџи-Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“.01.Dimo Hadzi dimov2
– Изведувач е штипски „Коле Транс инжинеринг“, површината е околу 6700 м/3, а инвестицијата е во вредност од 3,3 милиона денари – изјави Тоше Ѓоргиевски од Општина штип. Дел од нив се со стар асфалт, дел се уште со коцка а некои со руиниран бетон и сега ќе бидат комплетно средени.

Испрати коментар

Scroll To Top