Насловна / Вести / Општина Карпош доби нов парк

Општина Карпош доби нов парк

Пуштен е во употреба третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

„Овој парк е практично продолжување на низата паркови кои се направени по должината на булеварот  ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, почнувајќи со Паркот Македонија 1, па Паркот Македонија 2 и еве овој  Паркот Македонија 3. Град Скопје ги поддржува активностите на општините за градење паркови и уредување на зелените површини и во иднина ќе ги поддржувме во напорите за  зголемување на зелените површини во градот и ќе продолжиме да грдиме паркови во интерес на граѓаните на Скопје“, рече градоначалникот Коце Трајановски.ParkMakedonija

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дел на Парк Македонија  е со површина од околу 10. 000 квадратни метри, од кои општината партерно уредила околу 4.000 квадратни метри, а другиот дел од паркот е зеленило во коешто се засадени 75 дрвја.

Испрати коментар

Scroll To Top