Насловна / Вести / Општина Илинден во март со проектот „Со зеленило против загадувањето“

Општина Илинден во март со проектот „Со зеленило против загадувањето“

Како дел од активностите за заштита на животната средина, општина Илинден во текот на март ќе го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“.

Проектот ќе почне да се реализира од четврток, со почеток во 12 часот, на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино, каде што ќе се изврши озеленување на патеката, со засадување на листопадни и зимзелени садници.илинден

Со активностите од проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина 60.000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, општински улици и патишта, домовите на култура, училиштата, детската градинка и спортските терени, да придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Во реализацијата на овој проект ќе бидат вклучени граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.

Испрати коментар

Scroll To Top