Насловна / Вести / Општина Центар ја заврши седмата енергетски ефикасна фасада

Општина Центар ја заврши седмата енергетски ефикасна фасада

opstina centar

Општина Центар ја заврши седмата по ред енергетски ефикасна фасада. Жителите на Бул.11 Октомви бр. 38 од сега ќе плаќаат помали сметки за електрична енергија за 33% . Површината на фасадата е 2.300 м2. Изведувач беше ММЛ Инженеринг.
„Задржани се автентичноста на зградата и потписот на познатиот архитект Александар Серафимовски. Боите се избрани во договор со станарите. И колоритот е близок со делото на Серафимовски“, велат од општина Центар.

opstina centar (2)
„Општина Центар продолжува со ветеното. Следна зграда која ќе добие енергетски ефикасна фасада е онаа до Сава Крањ спроти Рамстор“, пишува во соопштението на Општината.

Испрати коментар

Scroll To Top