Насловна / Вести / Општина Центар ги избра најдобрите бизнис планови за млади претприемачи

Општина Центар ги избра најдобрите бизнис планови за млади претприемачи

Шест проекти – бизнис планови од млади претприемачи кои конкурираа во рамките на проектот на општина Центар – „Месец на претприемништво“, се наградени од општината со парични награди во висина од 25.000 денари поединечно.

Комисијата што ги оценуваше проектите, смета дека бизнис планот „Рециклирај и добиј бонус“ може да биде вклучен во идните планови на општината, како проект со најсилна компонента на општествена одговорност за намалување на загаденоста на животната средина.Centar za pretpriemnistvo (1)

Целта на проектот е да се рециклира искористеното масло за јадење од домаќинствата, преку поставување на машини за собирање на употребеното масло во два супермаркети во општина Центар. Граѓаните што ќе го донесат маслото, ќе добијат награда во вид на парични средства, а истото ќе се продава на компании кои произведуваат гориво, што е направено исклучиво од употребено масло или биодизел.Centar za pretpriemnistvo (4)

Овој проект е активност на Советот на млади на општина Центар и Канцеларијата за млади на општина Центар.

Претходно, беше одржана обука за младите претприемачи, на која учесниците беа запознаени со основите за претприемништво, основање и водење на бизнис и успешни приказни на глобално и локално ниво.

Испрати коментар

Scroll To Top