Насловна / Вести / Oпремени уште две градинки во Карпош со прочистувачи за воздух

Oпремени уште две градинки во Карпош со прочистувачи за воздух

Ротари клубот „Скопје Камен Мост“ донираше 12 прочистувачи за воздух, шест за градинката „Распеана Младост“ во Карпош 1 и шест за „Орце Николов“ во Карпош 4, со што комплетно се опремени уште две градинки во Карпош со прочистувачи за воздух.karpos

– Свесни сме дека загадувањето може да го намалиме само со координирана акција со сите чинители, институции, граѓани, компании, невладини организации. Преку оваа акција, за донирање на прочистувачи за воздух покажавме дека е можна соработка меѓу институциите и компаниите, и денеска имаме прочистувачи речиси во сите градинки во Карпош, рече градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Претседателот на Ротари клубот Иван Новаковски истакна дека иако овие донации не го решаваат трајно изворот на загадувањето, сепак, времено го подобруваат квалитетот на воздухот кој го дишеме.

Тој најави дека Ротари клубот во следниот период ќе работи на подигнување на јавната свест кај најмладите, учениците од основните училишта и потребата од чист воздух и здрава животна средина.

Испрати коментар

Scroll To Top