Со 16,5 милиони денари од централниот буџет ќе се финансираат два проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, од кои, со едниот, ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавните објекти во седум општини што му припаѓаат на Регионот. Со вториот ќе се унапредуваат услугите во туристичките средини, преку поставување на комунална опрема, односно јавни тоалети во четири општини.
Договорите за реализација на проектите се потпишаа во Скопје во Бирото за регионален развој и истите треба да бидат реализирани до крајот на годинава.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија