Насловна / Архитектура / Одржлива архитектура – енергетска ефикасност: Втор меѓународен конгрес во Белград

Одржлива архитектура – енергетска ефикасност: Втор меѓународен конгрес во Белград

Меѓународниот конгрес и изложба ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, по втор пат ќе се одржи во Србиjа. Предавањата на 10 еминентни архитекти од целиот свет, авторитети во областа, изложбите, конкурсот и работилницата за млади архитекти, треба да дадат одговор на прашањето: Зошто одржливата архитектура и енергетската ефикасност станаа толку важно глобално прашање?

Конгресот се одржува на 5ти, 6ти и 7ми октомври 2018 година во исклучителните, мултифункционални простории на Југословенската кинотека во Белград. Ќе опфати важни теми со фокус на одржливиот и еколошки пристап во архитектурата и проектирањето, со кориситење на обновливи извори на енергија, енергетски ефикасни и интелигентни системи, и сл.

Значаен сегмент ќе биде посветен на биоклиматска и енергетска рехабилитација на постоечките објекти и можностите за употреба на дрвото и рециклирани материјали.

Повеќе информации на линкот: http://congress-saee.com/.

OA1

OA2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top