Насловна / Вести / Од денес бесплатен роаминг во ЕУ

Од денес бесплатен роаминг во ЕУ

Од денес роамингот на територијата на Европската Унија ќе биде бесплатен.

„Укинувањето на роаминг трошоците е вистинска европска приказна за успехот. Од овој момент граѓаните кои патуваат во ЕУ за повици, пораки и за интернет преку своите мобилни уреди ќе плаќаат иста цена како дома. Укинувањето на роаминг трошоците е еден од најголемите конкретни успеси на ЕУ “, се вели во соопштението.roming

Операторите имаа две години да се подготват за укинување на роаминг трошоците. Во ЕУ се убедени дека тие ќе ги искористат предностите од новите правила во корист на своите клиенти. Укинувањето на роаминг трошоците е еден од темелите на единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top