Насловна / Архитектура / Објекти од општествен карактер во Гостивар – нови модели на архитектонски концепти

Објекти од општествен карактер во Гостивар – нови модели на архитектонски концепти

3

Социјалниот контекст во кој се интерполира архитектурата во современото општество, диктира нови човекови потреби кои се рефлектираат врз архитектонскиот концепт. Брзиот развој на општеството има потреба од воспоставување нови архитектонски концепти. Трансформативните типологии претставуваат архитектонско истражување во примената и перцепцијата на постојните и развивање на нови типологии. 5

Новите човекови потреби како во лингвистичка смисла – „социолекти“, така и во однос на социјалните навики – „животен стил“, изразени низ трансформацијата на постоечките објекти и појава на нови програмски содржини, укажуваат на потребата за развивање на нови методи за нивната акомодација во архитектонскиот концепт, просторна и програмска ре-дефиниција и трансформација на постоечката состојба и/или дефинирање на нов просторен архитектонски концепт во кој ќе биде акомодиран сетот на нови функции/програми.1

Мапа на град Гостивар
Обидот објективно да се претстават одделните аспекти кои влијаат врз трансформацијата на веќе постоечката морфосинтакса на архитектонскиот објект или урбан фрагмент е проблемското подрачје на ова истражување – магистерски труд на кандидатот Ивона Крстеска под менторство на професор д-р Михајло Зиноски од Архитектонскиот факултет во Скопје, со работен наслов: Архитектонско истражување во областа на трансформативните типологии и дефинирање на нови програмско-просторни решенија на интегрирани архитектонски концепти на пример на градот Гостивар. Преку анализа на селектирани примери би се откриле сет постапки и правила кои ќе бидат применети за концепирање на нов типолошки интегриран модел/прототип.

8
Градот Гостивар во изминатиот период, па се до денес, постепено станува пермеабилна структура која ги апсорбира сите промени кои ја афектираат архитектонско-урбанистичката слика. Во една состојба на збиена градска структура се појавуваат и празни простори кои се оставени негибнати, а имаат капацитет за вметнување на просторно-програмска интегрирана архитектура со комплексен карактер. 6

Еден од тие празни простори во рамките на градот Гостивар е локацијата на стариот градски пазар, која е значаен атрактивен фрагмент од урбаниот простор на градот. Со својот празен простор постои како дел од колективната меморија на населението за нејзината некогашна функција.10
Архитектонскиот концепт се темели на креирање на објект со интегриран карактер, кој преку своите програми и формалност природно ќе се интерполира во контекстот од кој произлегува, притоа земајќи ја предвид колективната меморија на населението за постоењето на градски пазар и интеграција на оваа функција. 2

Формалниот израз на објектот произлегува природно од самата локација. Вертикалната структура на архитектонскиот концепт ја претставува симболиката на освојувањето на просторот преку поставување акцент на локацијата, симбол дека таму се случува нешто ново, нешто што треба да ја засегне и привлече целата околина. Новите програмски содржини одговараат на новиот формален израз на локацијата постигнат преку вертикалата на објектите (што би бил идеален начин на решавање на објектите од јавен карактер во модерната).4
На ваков начин, со изразената скулптуралност на новиот архитектонски концепт, тој доминира и го освојува вниманието на градот и околината. Во високо урбанизираните средини, одговорот за изразување на објектите треба да се бара во генерирање на концепт кој би се развивал по вертикала.

Идеја за создавање вертикален град (Рем Колхас). Комплексот е поделен на три објекти, кули кои се во меѓусебна корелација поради програмите што ги содржат. Новиот модел на интегрирана структура во себе ги прима следниве функционални сегменти: угостителство, едукација, форми на колективно домување, трговија, администрација, програми од културата, библиотека и галерија.

Сегментот од угостителство е застапен преку угостителските единици кои се појавуваат помеѓу диспаратните програми и се употребува како метод на интервенција за поставување точки на заеднички простори и пазарот како функција која е наследена.

7
Концептот на вметнување ново, самореферентно тело и креирање нова урбана зона во рамките на градот Гостивар, е одговор на проблематиката на трансформативните типологии. Секој функционален ентитет, потребната програма за функционирање ја развива по нивоа, со соодветна големина и форма. Програмските сегменти се суперпонираат по вертикала, на принцип кој е генериран од интензитетот на користење, односно нивото на интимност. Помеѓу одделните функционални целини се оставени слободни простори – поврзувачки мостови -sky loby- како точки на интеракција и социјализација.

12
Ваквите, непрограмирани површини даваат можност за развивање на слободни активности и комуникација помеѓу различните корисници, а со тоа и ниво на интеграција на концептот. Овие простори преминуваат од еден во друг објект – притоа поврзувајќи ги во висина и по хоризонтала сите три ентитети на концептот.

Со поврзувањето на кулите и во приземје преку примарната програма – пазарот, целиот архитектонски концепт функционира како единствен ентитет.9
Овој концепт е генериран за да биде исполнет со луѓе. Активностите, различноста, интеракциите, релациите, побудите, „културата“ на живеење, свесното и рутинското, намерното и случајното. Сето ова го прави објектот – организам.

Испрати коментар

Scroll To Top