Насловна / Вести / Новото „Југо“ полека се движи кон изложбата EКСПО 2027

Новото „Југо“ полека се движи кон изложбата EКСПО 2027

Александар Бјелиќ од компанијата „Глобо“ и графичкиот дизајнер Дарко Марчета најавија дека за две години ќе претстават прототип на обновениот автомобилски бренд „Југо“ на специјализираната изложба EКСПO 2027 во Белград, кој ќе биде во возна состојба.

Колекционер на автомобили и нов сопственик на правата за името и моделот „Југо“, Александар Бјелиќ, сака да го заштити името и да го врати повторно на патиштата.

Роден е во Германија и никогаш не живеел во поранешна Југославија. По потекло од Србија, а како колекционер на класични и спортски автомобили, секако и возила „Застава“, тој решил самиот да ја иницира заштитата на брендот „Застава“ со крајна цел да го врати „Југо“, не само како бренд, туку и како возило. Дизајнерот Дарко Марчета му помогнал во тоа, а првото „Југо“ ќе биде подготвено за EКСПО 27.

„Го претставивме моделот во Минхен на саемот за дизајн, и тоа беше голем чекор за целиот проект. Добивме позитивни коментари и тоа е причината зошто можеме да продолжиме со проектот“, вели Дарко Марчета.

Истиот тим ја обновил и „застава 101“. Се работи забрзано на проектот за да може и овој модел да се најде на Експо 2027, а новиот „стојадин“ има сосема нов дизајн на ентериерот и екстериерот.

Засега, овој тим бара фабрика што ќе ги произведува овие модели, а се споменува и Египет, каде што „Застава“ имаше свои погони за склопување автомобили и каде што беше многу успешна во производството.

Рецептот е јасен, новиот „кец“, како што многумина популарно го нарекуваа, ќе биде евтин и достапен, а се планира и негова електрификација.

„Следниот чекор се уште два модели. Преговараме со производители кои би можеле да ги произведат. Изработката на прототипот се работи во Зрењанин“, додава Марчета.

Внатрешноста и надворешноста се во согласност со трендовите, но сепак се многу поскромни од кинеските модели.

Испрати коментар

Scroll To Top