Насловна / Вести / Новиот Археолошки музеј на Македонија со повеќе од 6.000 експонати

Новиот Археолошки музеј на Македонија со повеќе од 6.000 експонати

arheoloski muzej_8

По повеќе од 30 години, Република Македонија со новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на движното културно наследство, кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори.

Новиот Археолошки музеј, како проект на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, е монументален објект на вкупна површина од 6.000 квадратни метри, и е пандан на најсовремените европски археолошки музејски институции. Во музејот е прикажано богатото културно наследство на Македонија со повеќе од 6.000 експонати, селектирани од богатиот фундус на археолошко богатство на нашата држава.arheoloski muzej_9

Изложбената поставка, на приземјето и на двата ката од современото музејско здание, содржи пет постојани музејски колекции, меѓу кои: нумизматичката збирка од над 2.000 монети од античкото Пајонско кралство до доцносредновековната епоха, лапидариумот со репрезентативните примероци на античката камена скулптура, праисториската археолошка збирка со артефакти од палеолитското, неолитското и металното доба, античката збирка на археолошки наоди со изложбени експонати од раната антика, македонско-хеленистичкиот период, римската епоха и доцно-античките времиња и збирката на археолошки артефакти од средновековниот период, надополнета со примероци од материјалната култура на Османлиското време.arheoloski muzej_2

На отворањето, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска подвлече дека овој музеј е аргументирано сведоштво за нашата историја, за нашиот милениумски развој и од тука, Археолошкиот музеј на Македонија, е мошне значајна инвестиција за нашата држава, гледано од историски, културолошки, образовен и туристички аспект.

arheoloski muzej_1

„Новиот Археолошки музеј е музеј на 21 век. Современите технологии, анимациите, амбиенталната музика, ликовните дела со имагинативна реконструкција на определни периоди од развојот на цивилизацијата на нашето тло и другите содржини овозможуваат посетителот да направи свое сопствено археолошко истражување. Современиот начин на презентација во Музејот уверена сум дека ќе овозможи секој граѓанин на нашата држава, но и странски посетител, длабоко да го осознае богатото културно наследство на Македонија и да научи многу повеќе за нашето културно минато. Музејските содржини ќе бидат особена провокација за младите генерации, кои од овој Музеј во иднина ќе црпат чувство на припадност и почит кон сопствените корени“, посочи Канческа Милевска.arheoloski muzej_4

Директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева истакна дека во создавањето на приказната раскажана преку поставката активно учествуваа стручните оддели при Музејот, како и заводите и музеите во РМ и Управата за заштита на културното наследство.arheoloski muzej_5 arheoloski muzej_7 arheoloski muzej_3

Секој посетител на новиот археолошки музеј ќе има можност да ги види на едно место култниот керамички артефакт со претстава на Големата Мајка од тумбата кај Маџари, комплетната реконструкција на „гробот на свештеничката“ од локалитетот Марвинци, минијатурната танчерска фигура на тетовската Менада, вазата Хидрија од 4 век п.н.е,  македонскиот штит од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, златниот накит и златните гулабици од Охридскиот регион од раната антика и македонско-хеленистичкиот период, атрактивната Срамежлива Венера пронајдена на античко Скупи, реконструктивната копија на ритуалната кочија од римскиот период пронајдена во Делчево, стаклената чаша дијатрета од античкиот период, мозаици и реконструирани објекти од ранохристијанскиот период, бронзениот накит од Комани-круе културата од Св. Еразмо кај Охрид од 7-8 век, комплетната колекција на уникатните теракотни икони од Виничкото кале и многуброен археолошки материјал од средниот век. Во музејот е изложена и единствената копија од раскошниот саркофаг на кој се прикажани воените подвизи на Александар Македонски.

Испрати коментар

Scroll To Top