Насловна / Вести / Нова нуклеарна ракета која може да стигне на Марс за еден месец

Нова нуклеарна ракета која може да стигне на Марс за еден месец

Неодамнешните успеси во „освојувањето“ на Марс се реализирани со ракети кои стигнуваат таму за седум месеци, користејќи го периодот на т.н „прозорец за лансирање“ кога Земјата и Марс се најблиску. Новата ракета на нуклеарен погон, ќе може да стигне на Марс за само еден месец – повеќе од шест пати побрзо. Ad Astra Rocket Company  преку летото објави дека го комплетирала 88 часовниот тест на издржливост за својата Vasimr VX-200SS плазма ракета. Тестот е спроведен во компаниската лабораторија во близина на Хјустон во Тексас. Vasimr ракетата (Variable Specific Impulse Magnetoplasma Rocket) е проектирана за погон со мотор кој користи нуклеарни реактори за загревање на плазма. Понатаму врелите гасови се канализираат преку магнетни полиња, во теорија со брзина до 197,950 km/h. Целта на Ad Astra не е само да го направи летот до Марс побрз, туку и многу побезбеден – понизок ризик за механички дефекти и помали здравствени ризици (атрофија на мускули на екипажот).  Ракетата постепено ќе забрзува до достигнување на максималната брзина од 54 km во секунда, со што ќе стигнува до Црвената планета за 32 дена. Ова е значително намалување на времето за патување. И други компании, како на пример DARPA, исто така работат на развој на ракети на нуклеарен погон.  Пентагон најави дека сака да го демонстрира овој концепт во ниската орбита на Земјата до 2025 година.

vasmir1

vasmir2

vasmir3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top