Насловна / Архитектура / Музеите на Смитсониан – Олицетворение на американското наследство

Музеите на Смитсониан – Олицетворение на американското наследство

Посетата на Вашингтон едноставно е невозможна без да се видат барем некои од објектите во рамки на институцијата Смитсониан – најголем комплекс музеи и образовни и истражувачки центри во светот. Мисијата е едноставна, велат оттаму, да се обликува иднината, преку сочувување на наследството и споделување на информациите.

BROJ_1

За Џејмс Смитсон, британски научник, родум од Франција, со сигурност може да се потврди дека има огромно влијание за градот, иако никогаш немал прилика да го посети.

BROJ_2

Институцијата Смитсониан е основана пред 147 години токму со негови средства – нешто повеќе од 500.000 долари. Според тестаментот, доколку неговиот внук останел без потомство, тогаш парите требало да се инвестираат во САД и во, како што напишал, „продлабочување и ширење на знаењето“. Зошто одлучил да вложи во една ваква институција, во друга земја и на друг континент, останува мистерија. Во 1846-та американскиот Сенат усвоил акт за нејзино формирање, со претседателскиот потпис станал закон, а Смитсониан станала дел од процесот на развој на американскиот национален идентитет, со корени во истражувањето, иновацијата и технолошкиот развој.

BROJ_3

BROJ_3_

Секој од 19-те музеи на институцијата има свој уникатен стил. Два од нив се наоѓаат во Њујорк, останатите се во Вашингтон. Зградата на Смитсониан, позната како, „Замок“ и Галеријата Ренвик, се дизајнирани од популарниот архитект Џејмс Ренвик.  Двата објекта се сосема различни и претставуваат две различни фази од неговата кариера.

Renwick Stairwell Carpet

Останатите 17 музеи се дела на различни архитекти, градени низ годините.  Еден од нив е Националнит музеј за авијација и вселена, што важи за најпосетен во светот.

BROJ_5

Front of the SmithsonianNASM Udvar-Hazy Center Photo By Dane Penland

Objects Cleaning Crew

Тука е и Музејот за дизајн Копер Хјуит, единствен музеј во САД посветен ексклузивно на историскиот и модерниот дизајн, а познат е и по понудата на едни од светски најразновидните и сеопфатни колекции, со преку 200.000 предмети кои опфаќаат период од 30 векови.

5.1.2

Сè на сè, Смитсониан нуди околу 150 милиони уметнички дела и артефакти. Институцијата, во чии рамки е и Националната зоолошка градина, годишно ја посетуваат преку 30 милиони луѓе. Секако, примамливо е што влезот е бесплатен.

National Museum of Natural History

BROJ_10

Department of Invertebrate Zoology Cowrie Collection

Поради глобалната пандемија, музеите и галериите привремено се затворени, но затоа, вратите на дигиталната платформа се широко отворени. Виртуелно може да се посети секој од објектите, на располагање се 2,8 милиони фотографии со висока резолуција, 2,2 милиони книги, а секој посетител може да креира, рекреира и споделува свои содржини. Секојдневно се додаваат нови материјали, се организираат онлајн изложби и курсеви – сè со цел, иако во моментов учејќи од дома, преку уметност, наука, историја и култура, да се одржи континуирана поврзаност и интеракција со корисниците. Притоа, помага и фактот што Смитсониан е едно од неколкуте места коишто може да ангажираат и инкорпорираат експерти од бројни области. Пристапот до оваа „лабораторија за учење“ во моментов е бесплатен.

BROJ_12

BROJ_13

И покрај проценетите загуби од 22 милиона долари поради пандемијата, од институцијата велат дека промоцијата на нови идеи преку споделување на знаењето, мора да продолжи и дека ова богатство мора да ѝ биде достапно на јавноста. Нејзини тимови сега работат на документирање и архивирање на сето она што е вредно, а поврзано со Ковид-19, и уште поактуелно, протестите против полициската бруталност. Така, со помош на грант на Банката на Америка (од 25 милиони долари), Смитсониан ќе истражува како Американците ги разбираат, искусуваат и се справуваат со расната припадност и расизмот во државата.

BROJ_14

BROJ_15

Две третини од годишниот буџет на институцијата, во висина од 1,5 милијарди долари, доаѓа од федералната влада, а останатите 500 милиони се од грантови, договори, донации и различни настани.

Јулија ВЕЛКОВСКА

(Специјално за Порта 3 од Вашингтон)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top