Насловна / Вести / Неверојатен стан во Њујорк

Неверојатен стан во Њујорк

Овој неверојатен стан во Њујорк, кој го адаптирал архитектот David Hotson, има тобоган кој води стрмно низ сите катови во станот.

Како деца, сите сонувавме да се спуштиме со тобоган во дневната соба. Ова е еден таков простор, кој бара големи инженерски вештини.

7

Адаптираниот простор поминува низ четири ката на зграда од крајот на 19. век во Менхетен и никогаш порано не бил користен како стан. David Hotson успеал да го преструктуира целиот волумен создавајќи дневна соба со четирикатна висина, застакли поткровјето, затворил балконите и како главен мотив на станот, вградил тобоган.

4

5

„Пентхаусот подразбираше целосно преиспитување на внатрешноста и сите односи помеѓу овој простор и градскиот пејзаж околу него“, вели Hotson. „Тој градски пејзаж вклучува станбената зграда на Франк Гери во соседството и зградата Chrysler во далечина“.

14

Тобоганот започнува од самиот врв на станот. Направен е од нерѓосувачки челик, што му дава сјај на огледало. По завивањето, застанува накратко на следниот кат подолу.

Сопствениците можат или да излезат и да пристапат до просториите на овој кат, или да се качат внатре и да се спуштат низ уште три ката!

10

Крајот на тобоганот, поставен е во правоаголна, исто така нерѓосувачка површина, со цел да се добие впечаток на огледало во дневната соба. Кој не сака спуштање со тобоган, секогаш може да ги користи скалите.

2

„Ова е комплексен ентериер со низа драматични елементи“, објаснува Hotson. „Низ целиот стан се протегаат скали низ четири ката, додека тобоганот овозможува брзо враќање назад“.

1

David Hotson соработувал со дизајнерката на ентериери Ghislaine Vinas, кој го додадала целиот мебел и уметнички дела во станот.

Челичните столбови на зградата се пробиваат низ некои простори, додека други имаат заоблени прозорци кои се поклопуваат со оригиналните фасади.

15

Овој единствен стан, нуди неверојатен поглед кон околниот градски пејзаж на Менхетен. Од станот се гледаат стари згради и мостови во различни размери, од драматичен светларник во холот на приватен лифт кој го врамува врвот на новата кула Beekman на Френк Гери, до интимна шуплина во бањата на спална соба за гости, која го доловува сјајот на зградата Chrysler, седумдесет блока северно.

11

9

8

20

19

18

17

3

13

12

Старата челична конструкција, меѓу најраните челични системи користени за изградба на облакодери во Њујорк, видлива е на сите нивоа. Оригиналната надворешност на оваа зграда останала иста, со стрмен четвороводен кров, оџаци и испакнати мансардни прозорци.

Испрати коментар

Scroll To Top