Насловна / Вести / Нема инженери за градење на мостот Пељешац

Нема инженери за градење на мостот Пељешац

Во Хрватска, првите работи на мостот Пељешац кој ќе го поврзува полуостровот со копното од Бријест до Комарна би требало да отпочнат кон средината на јули, без оглед на фактот дека во регионот недостасуваат градежни инженери.

мост
За изведба на работите на мостот ангажирана е големата кинеска градежна компанија China Road and Bridge Corporation (CRBC), но неодамна утврдено дека недостасува работна сила. Моментално компанијата бара 11 градежни инженери.
Како што пишува хрватскиот Јутарњи лист, според официјалните податоци од бирото за вработување во Дубровачко-неретванската општина, нема ниту еден градежен инженер. Но можно е кинеската компанија да се обиде да привлече квалитетни инженери и работници со добри плати и останати бенефиции.

2
Изградбата на мостопт Пељешац значително ќе го олесни сообраќајот во овој дел на Далмација.
Се проценува дека во Хрватска моментално недостасуваат неколку илјади градежни работници и инженери. Најмногу поради одлевање на работна сила од оваа земја во последните неколку години. Според состојбите, мошне веројатно е дека мостот Пељешац ќе го градат инженери и работници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Предвидените трошоци за изградбата се 340 милиони евра и ова е прв пат кинеска компанија да добие проект кој го финансира Европската Унија. Градењето би требало да трае 36 месеци. А во меѓувреме кинеската компанија CRBC отвори канцеларија во Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top