Насловна / Вести / Негативното влијание на рударството врз тропските шуми, поизразено отколку пред две децении

Негативното влијание на рударството врз тропските шуми, поизразено отколку пред две децении

Растечката побарувачка од минерали и нивната експлоатација, го забрзуваат сечењето на шумите ширум светот, а посебно се загрозени тропските шуми. Денес се експолатираат двојно повеќе суровини од светските рудници, отколку во 2000 година. Целосниот обем на влијание врз тропските екосистеми досега бил непознат. Научниците од Економскиот универзитет во Виена, во соработка со други универзитети, ја претставиле првата сеопфатна студија за зголемената загуба на шумите поради интензивирање на рударските активности.

forestloss1

Во периодот од 2000 до 2019 година, рударството директно било одговорно за загубата на 3.264 квадратни километри тропски шуми. Дури 80% од таа површина се наоѓа во четири земји: Индонезија, Бразил, Гана и Суринам. Студијата покажува значајни, но нерамномерно распоредени и често неконтролирани влијанија на овие посебно биолошки разновидни екосистеми. Истражувачите ги споредиле географските координати на рудниците со податоците з азагубата ан шумите Global Forest Change. Податоците покриваат 26 земји од кои 76,7% се однесуваат на сечењето на шумите. Покрај директното сечење на шумите, во 18 од 26 земји во пречник од 50 километри е утврдено засилено расчистување на тереност кое не може да с еприпише на други фактори. Ова индиректно влијание е последица од појавата на нови населби или сообраќајна инфраструктура во близина на рудниците.

forestloss2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top