Насловна / Вести / Народна банка ќе добие ново седиште со „барокен“ изглед

Народна банка ќе добие ново седиште со „барокен“ изглед

Народна банка на Република Македонија ќе добие ново седиште, за кое тендерот е веќе објавен. За новиот објект е предвидена локација на кејот на Вардар и тоа веднаш до зградите на Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет.

Новата зграда на Народна банка, исто така, ќе се гради во „барокен“ стил, а нејзината изградба ќе чини дури 35 милиони евра.

нбм

Архитектонското решение за објектот е дело на архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов, а основниот проект го изготви проектантската фирма „Лоу тек“.

Тендерот за избор на градежна компанија што треба да го гради новиот објект на Народна банка е отворен до 30 март. Според законски предвидената постапка, веднаш потоа ќе следува јавно отворање на пристигнатите понуди.

Испрати коментар

Scroll To Top