Насловна / Вести / Најголем проект на градот Вашингтон

Најголем проект на градот Вашингтон

Управата на главниот град на САД го претстави проектот на мост вреден 441 милиони долари.

Најголемиот градежен проект кој ќе биде изведен под управа на градот Вашингтон ќе биде мостот преку реката Анакостија, кој ќе го замени 68 години стар мост посветен на Фредерик Даглас.

Проектот ќе го спроведе тим познат како „јужните градители на мостови“, составен од AECOM, Archer Western Construction и Granite Construction, според нацрт со кој победиле на конкурсот што градот го одржал во 2014 година.

мост вашингтон_3

Изградбата на мостот со три арки, сo шест сообраќајни ленти и странични пешачки патеки ќе чини 441 милиони долари.

Една од целите на проектот е да се воспостави дополнителна безбедност за пешаците и возилата, пишува ArchDaily.

мост вашингтон_4

Дизајнот на мостот е инспириран од бројните градски арки, така што со него доминираат три арки кои на мостот му даваат елегантен изглед.

„Денес преземаме огромен чекор кон подобрување на нашата инфраструктура и изградба на побезбеден и посилен Вашингтон. Овој проект претставува нова врска помеѓу Анакостија и центарот на Вашингтон“, изјави градоначалникот Bowser.мост вашингтон_1

Првата фаза на работите ќе започне на 200-годишнината од раѓањето на Фредерик Даглас, аболирираниот активист за човекови права на Афроамериканците, а планирано е мостот да биде отворен во 2021 година.мост вашингтон_2

Испрати коментар

Scroll To Top