Насловна / Вести / Националната галерија на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај со настани во своите три објекти

Националната галерија на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај со настани во своите три објекти

Националната галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 мај – Меѓународен ден на музеите.светски ден на музеите

Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“.

Сите активности кои се изведуваат по повод 18 мај, воедно се дел и од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина.

Националната галерија на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај со настани во своите три објекти.

Во Даут-пашин амам, во 13 часот, ќе биде отворена изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“, која се случува по третпат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

Во истиот објект, во 19 часот, ќе се одржи Годишен концерт на ДАМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, додека во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од 19 и 20 век.

Во објектот Чифте амам ќе може да се посети изложбата со наслов „Reccuring landscapes“ на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул. Куратори на изложбата се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

Во објектот Мала станица, во 20 часот, ќе се одржи БИСТА – Биенале на студентите по архитектура. Националната галерија на Македонија информира дека објектите ќе работат со продолжено работно време, а влезот е бесплатен.

Испрати коментар

Scroll To Top