Насловна / Архитектура / Музејскиот комплекс Louvre Abu Dhabi ќе има 55 објекти

Музејскиот комплекс Louvre Abu Dhabi ќе има 55 објекти

Музејскиот комплекс Louvre Abu Dhabi треба конечно да се отвори до крајот на оваа година, и се чини дека ќе биде навистина импресивен.лувр абу даби (1)

Иако неговото официјално отворање било најавено неколку пати, се чини дека оваа филијала на славниот париски музеј Лувр, конечно ќе се отвори до крајот на 2016 година.лувр абу даби (2)

Во прилог на овој податок, одат и новите визуелни решенија што се појавиле во јавноста на Louvre Abu Dhabi во Абу Даби, кои претставуваат еден вид приказ на повеќе архитектонски форми.лувр абу даби (10)

Според архитектот Жан Нувел, музејот е дизајниран во форма на комплекс од дури 55 објекти. Неодамна се отстранети и еден број од надворешните ѕидови, со што е дозволено морето да биде поблиску до архитектонското здание, заради што музејот ќе изгеда како да плови.лувр абу даби (3)

Покрај тоа, Louvre Abu Dhabi ќе има и илуминирачки ефект ноќе, со оглед на тоа што ќе го осветлуваат околу 4.500 светлечки тела.UAE-ECONOMY-TOURISM-LOUVRE

За потсетување, концептот на оваа филијала ќе се разликува од парискиот Лувр, каде што секоја епоха е во посебна просторија. Експонатите во Абу Даби ќе бидат поврзани со заедничка тема независно од нивната историска хронологија.лувр абу даби (5)

Така, во една сала ќе  бидат изложени изданијата на Куранот, Библијата и Тората, а во втора сала ќе бидат претставени скулпторски дела од пр.н.е. од територијата на Кипар, како и дела на големиот француски уметник на XX век, Ив Клајн.лувр абу даби (6) лувр абу даби (7) Louvre Abu Dhabi Renderings:  Copyright Ateliers Jean Nouvel

Испрати коментар

Scroll To Top