Насловна / Арт и дизајн / Музејот на прекинати врски освои злато за најдобра музејска веб-страница

Музејот на прекинати врски освои злато за најдобра музејска веб-страница

Музејот на прекинати врски, како што стои на нивната официјална Фејсбук страница, во Лос Анџелес освои злато за најдобра музејска веб-страница.muzej na prekinati vrski

Се работи за International Design Communication Awards која се доделува на сјајни иницијативи во областа на уметноста. Наградата првенствено е да ги инспирира уметничките организации за пооригинален и поиновативен начин на комуникација, а Музејот на прекинатите врски очигледно тоа го работи многу добро.muzej na prekinati vrski2

Инаку, Музејот на прекинатите врски ја започна својата интерактивна страница во ноември минатата година, што всушност е виртуелно продолжување на самиот музеј. Самиот сајт, како што се истакнува, е многу посетен и е наменет за сите оние кои доживеале емотивно и интересно искуство и се подготвени да го споделат со целиот свет.

Испрати коментар

Scroll To Top