Насловна / Вести / Мост кој се „шири“ како чадор

Мост кој се „шири“ како чадор

Интересен иновативен пристап во изградбата на мостови, за прв пат е претставен во Австрија. Инженерите користеле нов начин на изведба, кој потсетува на отворање на чадор. Техниките на изградба на вакви склопливи мостови нудат бројни предости во однос на традиционалните. Некои од предностите се поврзани со влијанијата врз животната средина, додека други се рефлектираат во заштеди на пари и време. Имено, истражувачите од  Vienna University of Technology (TU Wien)  веќе 15 години имаат сосема поинаков пристап. Тој вклучува носачи поставени на привремена носечка конструкција во вертикална положба, кои се споени на врвот и полека се шират надолу.  Johann Kollegger од TU Wien објаснува дека два носачи се поврзани на врвот, директно над привремената носечка конструкција. Со помош на хидраулички системи, овој спој полека се спушта, а носачите се развлекуваат на двете страни. Кога тие ќе се спуштат целосно, односно во хоризонтална положба, можат да се наполнат со бетон со цел да се довршат клучните конструкциски делови на мостот.

Иако оваа метода била тестирана уште пред десет години, минатиот месец конечно и практично е реализирана во склоп на изградбата на автопатот кој минува низ австрискиот град Фирштенфелд.

diebrucke1

diebrucke3

diebrucke4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top