Оваа куќа се наоѓа на една височинка покрај морскиот брег, па така поради морската клима во опкружувањето куќата е речиси транспарентна од двете подолжни страни.

Поставувајќи еден голем базен од предната подолжна страна и еден помал базен од задната, оваа куќа во целост живее во склоп со околината, па така водата и водните површини се нејзин составен дел.

Оваа куќа се одликува со прави и елегантни линии, пространи и отворени простори кои пружаат голем комодитет на корисниците во домот.

Подот на куќата е изведен од натур-бетон, а исто така се употребени и дрвото и малтерот како материјали за формирање на ентериерот.

Мебелот е модерен и елегантен па така целосно се вклопува во сликата на оваа куќа.





Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија