Насловна / Вести / Медалите за Олимписките игри во Токио 2020 направени се од рециклиран материјал (видео)

Медалите за Олимписките игри во Токио 2020 направени се од рециклиран материјал (видео)

Организаторите на Олимписките игри кои наредната година ќе се одржат во Токио, објавија дека сите медали се направени од материјал кој е рециклиран од стари мобилни телефони. Направени се вкупно 5.000 златни, сребрени и бронзени медали кои ќе бидат доделени на победниците на Олимписките и Параолимписките игри.

медалја
Првата назнака дека би можеле медалите да бидат направени на овој начин се појави уште во февруари 2017. година. Тогаш организаторите на игрите побараа од јавноста да ги донира своите стари телефони , по што во тек на процесот на рециклажа од нив е „извлечено“ злато, сребро и бронза. На овој начин организаторите сакале да придонесат за зачувување на животната средина, а оваа порака ќе биде промовирана и за време на одржување на Олимписките игри.
Дизајнот на медалите ја симболизира енергијата на атлетите, разновидноста на игрите, но истовремено ја презентира и јапонската култура.

Испрати коментар

Scroll To Top