Насловна / Архитектура / Мартин Гулески – лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015

Мартин Гулески – лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015

martin

Добитник на овогодишната награда „Андреја Дамјанов“ за 2015 година е архитектот Мартин Гулески. Ова признание секоја година се доделува за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството кај нас.

Во изборот на добитникот, учествувала петчлената Комисија за доделување на наградата за 2015 година во состав: Вера Ќосевска, диа – претседател на Комисија, член на АА, Искра Ефремова, диа – член на УО на ААМ, проф. Влатко П. Коробар, диа, Миодраг Митровиќ, диа и Ѓоко Радовановиќ, диа.

Промоцијата на добитникот под покровителство на Министерството за култура на РМ и во организација на Асоцијација на архитекти на Македонија ќе се одржи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје на 19 ноември (четврток) со почеток во 19 часот.

Испрати коментар

Scroll To Top