Насловна / Арт и дизајн / Македонското културно наследство на саем во Париз

Македонското културно наследство на саем во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претставува домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој ќе се отвори денес (2 ноември) и ќе трае до 5 ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид што се реализира по 23-ти пат ќе биде „Културното наследство и туризмот“.kulturno_nasledstvo_paris

На македонскиот штанд ќе бидат изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии во издание на Управата, а ќе има и кратка видеопрезентација за домашното културно богатство. Станува збор за научно-популарните публикации од проектот „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Р. Македонија“, во чии рамки беа публикувани 30 публикации, меѓу кои и за Скупи, Скопско Кале, Стибера, Хераклеја Линкестис, Манастирот Трескавец, Св. Пантелејмон во Нерези, Манастир Зрзе, Шарената џамија во Тетово и други.

Покрај изложбениот дел, ораганизаторите најавуваат работилници и конференции, во чиj фокус ќе биде искористувањето на потенцијалот на културното наследство за културна промоција на земјите – излагачи.

На 23. Меѓународниот саем за културно наследство што сите изминати години се одржува во Париз, на листата земји – учеснички се Германија, Белгија, Кина, Португалија, Италија, Грција, Швајцарија, Холандија и други земји.

Испрати коментар

Scroll To Top