Насловна / Вести / Македонија нема да ја спаси планетата, но мора да се спаси себеси

Македонија нема да ја спаси планетата, но мора да се спаси себеси

Воздухот никогаш не бил позагаден со јаглерод диоксид, главниот гас што го предизвикува ефектот на стаклена градина, отколку во 2015 година. Концентрацијата на јаглерод диоксид и претходно ја достигнувала горната граница на некои локации и само во некои месеци од годината, но никогаш досега тоа не било на светско ниво и во текот на целата година, соопштуваат од Светската метеоролошка организација во својот годишен извештај за стакленичките гасови за 2015 година.Carbon Dioxide. 3D. Carbon Dioxide Causing Global Warming XXL

Дали ваквата ситуација му се повторува на светот и оваа година? Според информациите што секојдневно се појавуваат во медиумите, дека повеќето држави бараат можни решенија за намалување на загадувањето, затвораат училишта, забрануваат возење автомобили, се укажува дека ситуацијата во 2016 година може да биде дури и полоша. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, во 2015 година просечното рекордно ниво на јаглерод диоксид во атмосферата ја надминало симболичната граница.CHINA-ENVIRONMENT-POLLUTION-HEALTH

Каде е Македонија во оваа приказна? Како што објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, поради статусот на земја во развој и поради многу малиот удел во испуштање стакленички гасови во атмосферата на светско ниво, државата нема никакви обврски да ги намалува емисиите. Сепак, бидејќи земјата се соочува со големо загадување, особено во градовите што секоја зима потонуваат во смог, како Скопје, Тетово, Битола и Кичево, таа мора да се обиде да ја запре, колку што е можно, употребата на фосилни горива, како нафта и јаглен, за да се подобри состојбата.najnova-fotka

„Како држава во развој, Македонија нема обврска да ги намали емисиите на стакленички гасови, вклучувајќи го и јаглерод диоксидот, како и еквивалентните емисии на јаглерод диоксид. За договорот од Париз, државата подготви детална анализа за можниот придонес кој може да го даде, меѓутоа, додека Владата не го ратификува него, државата нема обврски. Република Македонија ги достави своите Национални придонеси кон климатските промени, во согласност со Одлуката на Владата на 28 јули 2015 година, како 23-та земја во светот“, информираат од МЖСПП.vo-skopje-ne-se-dishe-219452

Од Светската метеоролошка организација велат дека јаглеродниот диоксид е „проблем број еден“ затоа што се задржува илјадници години во атмосферата и уште подолго во океаните. Тенденцијата на пораст ќе продолжи и во 2016 година, наведуваат од организацијата врз основа на информациите од најстарата станица за мерење на гасови со ефект на стаклена градина која се наоѓа на Хаваи. Според наодите од таа станица, концентрацијата на јаглерод диоксид ќе остане над горната граница во текот на целата оваа година и нема да се спушти под тоа ниво и во наредните години.

Од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање велат дека и покрај тоа што немаат обврска, тие веќе имаат планови за намалување на емисиите на стакленички гасови. „Заради изразената употреба на фосилни горива, пред сè доминантното учество на домашниот лигнит за производство на електрична енергија, во земјата постои значителен потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови. Токму заради тоа, фокусот на македонскиот ИНДЦ е ставен на ублажувањето на климатските  промени, односно на политиките и мерките што водат до намалување на емисиите на стакленички гасови. Според инвентарот на стакленички гасови, скоро 80 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови се јаглерод диоксид емисии од согорувањето на фосилни горива, со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт“, објаснуваат од МЖСПП.

Меѓутоа, додаваат од таму, тоа не значи дека адаптацијата кон климатските промени е помалку важна. Ранливите сектори и адаптацијата кон климатските промени ќе бидат предмет на подетални анализи во иднина од аспект на ИНДЦ потребите.

Македонија, според одлуката на владата, има намера да го даде својот придонес во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Според надлежните, треба да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30, односно за 36 отсто при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година во однос на референтното сценарио. Емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива покриваат речиси 80 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови, со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт.

Од МЖСПП велат дека постои и план како сето тоа да се направи. Документот „Национални придонеси кон климатските промени“ е заснован на сите постоечки планови во земјата кои водат до намалување на емисиите на стакленички гасови. Како таков, тој мора да е усогласен со постојните стратешки и плански документи и ги одразува моменталните политики во релевантните сектори, главно во секторот енергетика како највлијателен сектор во овој поглед. Со имплементација на мерките што се анализирани, ќе се постигнат планираните намалувања на емисии на јаглерод диоксид“, додаваат од МЖСПП.

Тие велат дека во периодот 2015-2030 година, за реализација на сценариото за ублажување на климатските промени, потребните дополнителни инвестиции се проценети на 4,2 милијарди евра, додека за реализација на поамбициозното сценарио за ублажување на 4,5 милијарди евра.

„Освен од сопствени вложувања, реализацијата на националните политики и мерки за ублажување на климатските промени ќе зависи и од вклучувањето на домашниот и странскиот приватен сектор, и од пристапот до нови извори на финансирање и зголемена меѓународна поддршка кои би се мобилизирале преку нови финансиски механизми за климатските промени, како што е Зелениот климатски фонд. Македонија ги следи преговорите во Помошното тело за научни и технолошки совети при УНФЦЦЦ за рамката за воспоставување на Нов пазарен механизам, како и на не-пазарни пристапи. Откако тие ќе бидат усвоени, Македонија ќе ги разгледа можностите за нивно користење за реализација на своите цели за ублажување на климатските промени“, велат од Министерството.             

ПМ 10 честичките во Македонија се поблиску до валканата илјадарка

Пред една година активисти за чист воздух организираа протести апелирајќи дека во Македонија веќе не се дише. Но, протестите останаа забележани само од оние што секојдневно се трудат да преживеат во отровите. Надлежните останаа без зборови и конкретни дела. Затоа по социјалните мрежи почна секојдневно изнесување на податоци за загадувањето.

Загаденоста со ПМ 10 честички не се симна од трицифрен број, а во одредени денови во Тетово беше многу поблиску до валканата илјадарка. Скопските Центар и Карпош речиси секогаш беа над 292, па дури и 483, 534, 553, 696 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Ништо подобра не е и состојбата во Аеродром и Ново Лисиче.

Најгорната препорачана вредност на Светската здравствена организација на ПМ 10 честичките е 50 микрограми на метар кубен, а за ПМ 2,5 е 10 микрограми на метар кубен.

Бројките од извештајот на СЗО за минатата година покажаа дека во Лондон ПМ 10 се 22, во Ливерпул 14, во Тирана 32, а во Софија 43.

Најзагаден град во светот е нигериското пристаниште и транспортен центар Онтиша, каде се достигнати 594 милиграми ПМ 10 честички и 66 милиграми ПМ 2,5.

А, во меѓувреме народот во речиси сите градови ќе се гуши од загадувањето. Облаците чад од оџаците ќе бидат секојдневие, издувните гасови од автомобилите се зголемуваат, градилиштата се „расфрлаат“ со прашина по сообраќајниците, а Македонија го чека моментот на ратификација на договорот за климатски промени, за да почне да дејствува од дното и да го намалува загадувањето.

Испрати коментар

Scroll To Top