Насловна / Вести / Љубљана:Завршена енергетска санација за 48 јавни згради

Љубљана:Завршена енергетска санација за 48 јавни згради

Завршена е реализацијата на најголемиот проект на јавно приватно партнерство на полето на енергетската ефикасност во Југоисточна Европа. Енергетската санација на 48 згради во Љубљана е официјално завршена, а примопредавањето на објектите е напрвено неодамна. Меѓу санираните згради се спортски центри, основни училишта, градинки, административни згради, здравствени домови и други јавни установи. Спроведените мерки вклучуваат однова на системите за греење, ладење и климатизација, замена на осветлувањето со енергетски ефикасно, обнова на фасади, замена на столарија, изолација ан покриви, вклучување на обновливи извори на енергија. Сите наведени мерки ќе генерираат годишни заштеди од 8.255 MWh,, со додатно намалување на емисијата на CO2 од 2.956 тони годишно. Проектот е вреден вкупно 14,9 милиони евра. Проектот не е само најголемото јавно – приватно партнерство кое е било кога потпишано во Словенија во областа на енергетските услуги, и со самото тоа е референца за овој бизнис модел.

ljubljana1

ljubljana3

Енергетската санација се вклопува во репутацијата на градот Љубљана, како зелена престолнина на Европа, а се очекува дека ќе служи и за подигање на свеста во другите општини за предностите и бенефитите од овој концепт. По успехот на првиот проект, Град Љубљана одлучи да покрене и втор проект за енергетска санација на дополнителни 11 згради во општината. Вториот проект ќе донесе годишни заштеди на енергија од 2.260 MWh, и ќе ги намали емисииите на CO2 за 459 тони секоја година. Лансирањето на проектот е обележано со церемонија на потпишување во љубљанскиот замок, а во склопот на настаните на Љубљанскиот форум. Конзорциумот составен од Resalta и Petrol е повторно партнер на Град Љубљана. Вкупната инвестиција изнесува 4,8 милиони евра, со времетраење на Договорот од 15 години, бидејќи толкав е периодот во кој конзорциумот има обврска да се грижи и за одржувањето.

 

ljulblajan4

ljubljana7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top