Насловна / Вести / Легализирани над 10.000 дивоизградени објекти во Прилеп

Легализирани над 10.000 дивоизградени објекти во Прилеп

Нови 60 решенија за легализирање на дивоизградени објекти денеска беа доделени во Прилеп. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека Прилеп е лидер во Македонија во однос на легализирани диворадби, со над 10.000 доделени вакви решенија.прилеп

„Продолжува процесот на легализација на дивоизградени објекти. Ова е еден од најубавите закони што  која било Влада го има донесено во интерес на граѓаните. Со ова се исправа една голема неправда нанесена кон голем број наши сограѓани што десетици години чекаа за легализација на својот имот. Прилеп и понатаму останува лидер во легализација на дивоизградени објекти на ниво на Македонија, со над 10.000 легализирани дивоградби. Со тоа се направи навистина многу за граѓаните, за правните лица и за развојна урбанизација на градот“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Со легализацијата се опфатени барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077 барања.

Испрати коментар

Scroll To Top