Насловна / Арт и дизајн / Лебдечка светилка во форма на облак

Лебдечка светилка во форма на облак

Ако сте отсекогаш сонувале за можноста сегмент од прекрасната природа да биде дел од вашиот дом, сега тоа може да ви го овозможи една необична светилка.

Студиото „Ричард Кларксон“ во Њујорк ги здружи силите со експерти во областа на магнетна левитација од компанијата Crealev и го претстави шармантниот Floating Cloud.лебди_1

Тоа е светилка која, како што и самото име говори, ја имитира меката структура на облак кој лебди.

Но, тука не завршуваат нејзините особености. Покрај тоа што е подигната за 70 милиметри над основата, доаѓа со реактивни ЛЕД светла кои се менуваат во зависност од музичкиот ритам. Покрај тоа, со неа целата соба може да добие комплетно ново амбиентно искуство, во зависност од светлечките опции кои можат да се избераат.лебди_2

За разлика од другите слични производи, оваа светилка никогаш не мора да се спушти на површината, но може да се полни додека лебди.лебди_3

Испрати коментар

Scroll To Top