Насловна / Арт и дизајн / Курт Расел уништил гитара од непроценлива вредност

Курт Расел уништил гитара од непроценлива вредност

За време на снимањето на филмот The Hateful Eight на режисерот Квентин Тарантино, актерот Курт Расел случајно уништил гитара стара 145 години, артефакт со непроценлива вредност позајмен од музејот „Мартин Гитар“.kurt rasel gitara

Во филмот Расел кој го толкува ликот на Џон Рут, во една сцена ја зема гитарата од Дејзи (актерката Џенифер Џејсон Ли) и ја крши. Ужасот што се гледа во филмот на лицето на Ли, како што пренесуваат американските медиуми, не е последица на нејзината глума, туку на фактот што Расел во таа сцена уништил 145 години стар музејски експонат, а не копијата на гитара која требало да го замени вредниот предмет.

Директорот на музејот „Мартин Гитар“, Дик Блоак, бил запрепастен кога дознал што се случило со гитарата, која е рачно изработена во 70-тите години на 19 век.kurt rasel gitara1

– Известени сме дека се случил инцидент на снимањето. Сфаќаме дека се случуваат такви работи, но сепак не можеме тоа лесно да го прифатиме, изјавил Блоак.

Сцената со уништување на гитарата ја има во сценариото, но изгледа дека на Расел никој не му кажал дека станува збор за артефакт со непроценлива вредност. Музејот одлучил повеќе никогаш да не позајми гитара за потребите на филмската индустрија.филм

– Не можам да верувам дека тоа се случило. Ништо не може да го поправи ова. Не се работи за пари, туку за зачувување на американската музика и наследството, нагласил Блоак.

Испрати коментар

Scroll To Top