Насловна / Арт и дизајн / Креативен мебел за современи канцеларии

Креативен мебел за современи канцеларии

Денес, современиот ентериер на работна средина претставува многу важен аспект во успешното работење. Најголем дел од луѓето додека се на своите работни места имаат потреба од комфорно седење. Следниве решенија креираат урбана работна средина со хармонични и високо функционални парчиња мебел кои се приспособливи за индивидуална и тимска работа.

канцеларија-3

канцеларија-1

За канцелариите на KEMBO употребени се т.н. „Alpha Desks“. Станува збор за ергономски парчиња мебел, кои му овозможуваат на корисникот целосна контрола врз работната позиција. Мебелот е составен од два елемента кои имаат приспособливи висини за седечка и стоечка позиција, што претставува совршено решение за модерна канцеларија.

канцеларија-2

канцеларија-4

канцеларија-5

канцеларија-6

канцеларија-7

Во склоп на нивните канцеларии се среќава и колекцијата „Double“, дизајнирана за употреба на двајца вработени истовремено. Составена е од два дрвени елементи кои меѓусебно се одвојуваат, поставени на четири метални ногарки. Целта на дизајнерот е да го прикаже единството кај индивидуалната работа.

канцеларија-8

канцеларија-9

канцеларија-10

канцеларија-11

Динамичната работна средина во канцелариите на Herman Miller е обезбедена со мебел кој овозможува брза промена од индивидуална кон заедничка работа и обратно. Истовремено, мебелот креира простор во кој би се одвивале разновидни социјални активности. Секое парче мебел е дизајнирано со цел да одговара на работа во стоечка и седечка позиција. Линијата на мебел наречена „Locale“ дефинитивно придонесува за модерна работна средина.

канцеларија-12

канцеларија-13

канцеларија-14

канцеларија-15

канцеларија-16

канцеларија-19

канцеларија-18

 

Испрати коментар

Scroll To Top