Насловна / Архитектура / Копенгахен добива станбен блок отпорен на климатски промени

Копенгахен добива станбен блок отпорен на климатски промени

Главниот град на Данска има 150 дождливи денови во годината, па затоа дождовницата се собира во системите за наводнување. Ваквиот концепт станува многу важен во борбата против климатските промени. За да ја исполнат зацртаната цел, односно до 2025 година овој град да биде првиот јаглеродно неутрален град во светот, мора да се направат некои драстични промени. Голема улога во сето тоа игра градежништвото, бидејќи во овој сектор треба да се намали потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови. Одржливата градба на нови згради е еден од приоритетите, но важно е и постоечките градби да се прилагодат на новите стандарди и прогнозираните временски услови предизвикани од климатските промени. Ова посебно се однесува на Копенхаген, во кој според проценките, во наредните 80 години количината на дождовница би можела да се зголеми за дури 30%, што ќе предизвика проблеми за постоечката канализациска мрежа и ќе го зголеми ризикот од поплави во градот и околината. Меѓутоа, компанијата Henning Larsen, нашла решение благодарение на кое дождовницата воопшто нема да завршува во канализацијата. Имено, во источниот дел на овој град се гради нов модел на станбен блок кој ќе биде отпорен на климатските промени. Дополнително, ќе се направи реконструкција на постоечките станбени згради кои се изградени во 19-ти и 20-ти век. Според проценките на градските власти, во случај на големи временски непогоди овој дел од градот би бил посебно погоден од поплави.  Затоа, со проектот детално е проучен текот на подземните води и тоа е ускладено со урбаната топографија и реконструкцијата е насочена кон внатрешноста на станбениот блок. Со реновирањето и озеленувањето на фасадите, овој станбен блок во целост ќе го апсорбира приливот од дождовите, а дождовницата потоа ќе биде прочистена и складирана за употреба. Како што е најавено, поголемиот број згради ќе бидат обновени до крајот на 2021 година, а изградбата во целост ќе биде завршена до пролетта 2022 година. Во Копенхаген постои и т.н „климатски парк“ кој е проектиран така што во текот на екстремните временски прилики складишти околу 22 милиони литри вода, и на овој начин се спречуваат поплави. Во случај на сушен период, целиот парк се наводнува со претходно складираната вода.

resilient2

resilient3

resilient1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top