Насловна / Вести / Конзервација на Саат кулата во Неготино

Конзервација на Саат кулата во Неготино

negotino kula

Стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино, ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период.

По извршените испитувања, во рамките на активностите за конзервација  и реконструкција на Кулата, ќе спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.

Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик.

Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожарот од 1913 година. Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура.

Испрати коментар

Scroll To Top