Насловна / Вести / Конкурс за најголем придонес за животната средина во Скопје за 2016 година

Конкурс за најголем придонес за животната средина во Скопје за 2016 година

Во рамките на традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, Градот Скопје објави Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта, на адресата: Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“, број 82, или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви 3297-273 и 3297-304.skopje

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за двор во индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди: една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на администрацијата и невладините организации.

Огласот ќе трае до 16 мај 2016 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top