Насловна / Вести / комПресија/comPression на Maрија Сотировска-Богдановска во Галерија Флукс

комПресија/comPression на Maрија Сотировска-Богдановска во Галерија Флукс

Денес (19 мај), во 20 часот, по повод наградата која FLUX Gallery и ја додели на Maрија Сотировска-Богдановска на минатогодишното издание на Саемот за современа уметност Паратисима ­­­– Скопје, во Галеријата Флукс ќе се отвори самостојната изложба на уметницата со наслов „комПресија/comPression“.marija kompresija

Изложбата комПресија на Марија Сотировска-Богдановска се состои од две јасно спротивставени целини кои симболички се рефлектираат една во друга. И со овие дела, како и со претходните, Сотировска-Богдановска се занимава со социјална, политичка и родова проблематика, но повторно на еден интимен начин.

Таа, сепак, отворено го изразува несогласувањето кон социјалниот притисок, дисторзираните политички манифестации, первертираните вредности, конфликтот помеѓу нејзината личност и општествените конвенции, кодификации, рамки. Таа директно не се конфронтира, не изразува резиграција или пак критика, туку само го изразува своето интимно несогласување, фрустрација од околностите во кои сме потпаднати без наша волја и присуство. Токму оттаму, компресија или притисок. Ние сме под постојан притисок, социјален, политички, економски, духовен, технолошки, под постојани искушенија, транзиции, транформации, успони и падови, кои таа се обидува да ги долови и дефинира во овој технолошки обременет контекст.

Kругот е симбол на кој Сотировска-Богдановска се навраќа во своите дела. Симбол на вечното враќање, кое го контекстуализира во зависнот од употребените материјали или концептот.

Испрати коментар

Scroll To Top