Насловна / Вести / Компанија за софтвер во фабрика за автомобили во Ереван

Компанија за софтвер во фабрика за автомобили во Ереван

Канцеларијата на ерменската компанија за развој на софтвер BigBek се наоѓа во фабрика за производство на автомобили во Ереван од советската ера, наречена ЕрАЗ (Ереванскии Автомобилни Завод), која сега е претворена во канцелариски простории за интензивно растечката ИТ-заедница во Ерменија.

4_resize

Главната цел на проект на ерменското биро snkh studio бил да се создаде отворен работен простор за најмногу 30 вработени со строга функционална поделба на само 177 квадратни метри. Покрај главниот работен простор, клиентот побарал зона за одмор, мала кујна и сала за состаноци. За да го задржат просторот што е можно поотворен, архитектите одлучиле да ги поделат функционалните зони без физички бариери, со создавање оптички. Секоја зона има своја боја што прави видливи граници меѓу нив. Локацијата на секоја од зоните диктирана е од формата на основата.

1_resize

Светлите бои, геометријата и бруталниот бетонски плафон на овој ентериер создаваат динамична, разиграна и креативна атмосфера за работа. „Првата одлука што ја донесовме за време на процесот на проектирање беше да ги задржиме монтажните бетонски плочи од советската ера, да ја истакнеме индустриската харизма на зградата“, велат архитектите за ArchDaily.

7_resize

Кујната е замислена како проекција на жолта кутија во аголот на просторот. Нејзината светла, заситена жолта контура создава невидлив волумен во просторот кој е во интеракција со салата за состаноци во боја на магента, единствениот физички волумен во внатрешноста.

6_resize

„Се обидовме да го направиме главниот дизајн на осветлувањето што е можно поминимален со користење на вкрстено организирани ЛЕД-цевки долги 1,5 метри, кои делуваат графички со боите на ѕидот во задниот дел на канцеларијата“, велат архитектите.

5_resize

Подот со линолеум има големо влијание врз крајниот резултат на проектот, на архитектите им дал слобода да ги спроведат нивните примарни идеи во овој ентериер. Ги пронашле сите потребни бои за поделба на различните зони во ентериерот како што го замислиле. Техничките карактеристики на материјалот и неговата издржливост задоволуваат комерцијална употреба.

3_resize

2_resize

8_resize

9_resize

10_resize 11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top