Насловна / Вести / Колку брзо земјите од Балканот ги трошат ресурсите на Планетата?

Колку брзо земјите од Балканот ги трошат ресурсите на Планетата?

„Глобалниот ден на пречекорување на ресурсите“ (Earth Overshoot Day) покажува кога човештвото ги троши природните ресурси кои Земјата може да ги обнови во текот на една година. Секој 5-ти јуни се објавува проценката за тековната година, на Светскиот ден за заштита на животната средина, со цел во пресметката да бидат вклучени најновите достапни податоци. За 2025 година, „Глобалниот ден на пречекорување на ресурсите“ бил 24-ти јули, што значи дека светот веќе на тој датум го потрошил својот годишен „буџет“ на природни ресурси и остатокот од годината го минува во еколошки дефицит.

Датумот се определува со споредување на биокапацитетот на Планетата и вкупниот еколошки отпечаток на човештвото. Практично, се смета колку денови во годината природата може да го „издржи“ моменталното ниво на потрошувачка. Доколку потрошувачката и обновата се во рамнотежа, резултатот би бил точно 365 дена. Но, човештвото троши повеќе отколку што Планетата може да надомести, па тој број е помал. Освен овој глобален датум, посебно се објавуваат и датумите на пречекорување по држави (Country Overshoot Days), кои за 2026 година се објавени кон крајот на 2025 година. Тие покажуваат кога Земјата влегла во еколошки дефицит, доколку сите би живееле како жители на одредена држава.  Во овој случај с екористи односот помеѓу глобалниот биокапацитет по жител и еколошкиот отпечаток по жител на таа држава – колку потрошувачката е поголема, толку датумот е порано во текот на годината.

На глобално ниво, разликите се изразени: земјите со висок стандард и интензивна потрошувачка, како Катар, Луксембург или Сингапур, го достигнуваат овој праг веќе на почетокот на годината, додека во случај на државите како Индонезија, Еквадор или Јамајка ресурсите траеле значително подолго, речиси до крајот на годината. Сепак, подоцнеќниот датум не значи и поголема одржливост, туку често означува пониско ниво на потрошувачка по жител. Во тој контекст, земјите од Балканот кои се опфатени со ова истражување, се наоѓаат во групата на држави кои веќе во текот на првата половина од годината влегуваат во еколошки дефицит. Според податоците за 2026 година, редоследот во регионот изгледа вака: 1. Црна Гора – 20-ти април; 2. Хрватска – 25-ти април; 3. Босна и Херцеговина – 26-ти април; 4. Србија – 16-ти мај. Тоа значи дека кога сите луѓе би живееле како жители на овие земји, глобалните ресурси би биле исцрпени веќе во текот на пролетта или почетокот на летото.

Испрати коментар

Scroll To Top