Насловна / Архитектура / Кој ќе ја направи најтенката станбена зграда

Кој ќе ја направи најтенката станбена зграда

Нема крај на предизвиците кога е во прашање престижот меѓу архитектите и дизајнерите. Ова важи за елитниот Менхетен во Њујорк каде владее безмилосна битка помеѓу различните групи на архитекти и инвеститори кои сакаат да се наметнат како сопственици на најтенката но и највисока зграда на светот.Najcudni gradbi-najtenka i najvisoka kula na svetot vo Njujork 3

Во моментов, на Менхетен, една од најпознатите бетонски џунгли, се градат шест облакодери од кои дури три ја посакуваат оваа престижна ттула: најтенки и највисоки. Едната се гради на „Осмата авенија“ , втората на авенијата “Медисон“ и третата пред Централниот парк. Но, по се изгледа, онаа на „Осмата авенија“ лоцирана на спојот на 225 и 47.та улица ќе го ондесе победничкиот трофеј. Не само во Њујорк или САД, туку воопшто ќе ја презеде титулата од од кулата „Вилис“ во Чикаго и кулата „Уан тауер“ во Мумбаи во Индија и ќе стане официјално „најтенко-највисока“ резидентна кула на светот.Najcudni gradbi-najtenka i najvisoka kula na svetot vo Njujork 4

Официјалното име на проектот е „Нордстром кула“. Ја гради компанијата „Екстел развој“ во соработка со инвестициска група од Шангај во Кина. Облакодерот ќе биде висок 1550 стапки или 472 метри а ако се додаде и антенскиот столб, тогаш комплетната височина ќе биде 541,3 метри што е буквално за една педа повисоко од облакодерот кој ги замени двете срушени кули близначки. Облакодерот ќе има 131 кат, од кои првите седум ќе бидат за инвеститорите, од седмиот до 12.тиот ќе бидат техничко-логистички катови а од таму до врвот ќе бидат станбени локации.Najcudni gradbi-najtenka i najvisoka kula na svetot vo Njujork 1

Оние почетни седум ката делумно ќе бидат под земја а делумно на ниво на улицата и ќе содржат меѓу другото огромен маркет, а над него ќе има хотел кој ќе вклучува огромна хала за церемонии од ралзичен тип, детски игротеки и сали за кино проекции. Длабоките темели се искористени за масивен паркинг простор.

Планот за конструкција на кулата е одобрен во април 2015 година од кога почнува и изградбата на облакодерот. Повеќе од половина од кулата веќе се издига на авенијата и може да се види тенката конструкција која е доста интересна за њујорчани но и за туристите. Облакодерот има неколку катови во основата кои се пошироки, и кои се во основа еден вид на стабилизатор за тенкот дел на кулата за следните 90.тина катови. Надворешноста е составена од класична стаклена фасада.Najcudni gradbi-najtenka i najvisoka kula na svetot vo Njujork 7

Зад официјаниот дизајн на кулата кој неколку пати бил изменуван, стои студиото Адријан Смит + Гордон Гил. Тие изработиле и 3Д модел на надворешноста и внатрешноста која покажува доста луксузни апартмани и станбени единици за купувачите. За тоа впрочем најдобра потврда се цените на становите според кои најниската цена ќе биде околу 6000 евра за м/2 додека најлуксузниот апартман ќе се продава по единечна цена од неверојатни 95 милиона долари !VF6STR1261CJ70.pd

Кулата официјално ќе биде завршена во 2019 година.

Испрати коментар

Scroll To Top