Насловна / Вести / Коцката повторно на скопскиот плоштад

Коцката повторно на скопскиот плоштад

kocka na plostad

Затворен е целиот простор околу фонтаната на Александар Македонски во Скопје, ќе се заменуваат плочките и ќе се враќа коцката во вториот дел од реализацијата на проектот за обнова на Плоштадот, објави МК њуз.

Новата коцка ќе биде изработена од мермер со димензии 5х5 сантиметри, со црна и бела боја и ќе се употреби за изработка на мозаикот. Современата фонтана, пак, ќе биде со димензии 15×15 метри со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот Мост и постојната фонтана.

Враќањето на коцката на Плоштадот и изведбата на новата фонтана чини 2,4 милиони евра. Парите за оваа реконструкција се обезбедени од Владата и од Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top