Насловна / Вести / Кнауф – глобален играч со чувство на заедништво

Кнауф – глобален играч со чувство на заедништво

knauf akademija debar ohrid struga (5)

Живееме во свет на промени, каде што и маркетингот за некој производ или компанија многу брзо се менува.

Ова не ја одминува ни компанијата Кнауф која во Македонија е присутна 22 години со  вкупно 180 вработени. Од дамнешни времиња се знае дека гипсот е еден од најздравите материјали во градежништвото.knauf akademija debar ohrid struga (7)

Кнауф е глобален произведувач кој произведува многу градежни материјали од гипс како и системи за градежништвото. Препознатлив е на секаде по производството на готови малтери, лепаци, фасадни елементи, подконструкции, градежни плочи.

Соработува освен со градежните компании и со училишта, црвенот крст и црвената полумесечина како и со многу невладини организации на кои им донира свои материјали и знаење.

knauf akademija debar ohrid struga (9)

Секоја година Кнауф ја прогласува за година на нешто. Минатата година беше година на човештвото, оваа е година на партнерството.

За запознавање на своите партнери со новите производи, размена на искуства и знаења Кнауф организира веќе четврта година по ред дводневни конференции и дружења под назив „Кнауф Академија“.knauf akademija debar ohrid struga (12)

Овој пат, Академијата се одржа на 25 и 26 септември во хотелот „Изгрев“ во Струга. Досега се правеле вакви конференции често на локално ниво, но ова беше за прв пат кај нас да се одржи оваа Академија на регионално ниво со учество на гости од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Босна…

На конференцијата имаше околу 200 гости, претежно архитекти, инженери, професори од факултети. Присуството на архитекти и инженери е потврда за конструктивната и успешна соработка помеѓу фирмите и стручната јавност во градежништвото и Кнауф групацијата.knauf akademija debar ohrid struga (6)

Во хотелот „Изгрев“во Струга беа организирани стручни предавања на кои присутните имаа можност да се запознаат со најновите производи, решенија и софтверски алати кои им се на располагање на корисниците.

Постојаните тежнеења на Кнауфовите тимови и стручни лица за воведување на иновативни производи и решенија во градежништвото е нешто што е интересно за архитектите и градежниците, кои секогаш сакаат да ги пратат новите  светски трендови во оваа бранша.knauf akademija debar ohrid struga (13) knauf akademija debar ohrid struga (14)

Некои од решенијата се актуелни и се применуваат во пракса, некои се спремни за реализација, додека некои решенија се во најава за следната конференција.

Кнауф академијата стана традиција, се одржува четврта година по ред, собирајќи на едно место познати стручни лица од областа на градежништвото и архитектурата се со цел да го прошири знаењето и да се разменат искуства. Ова е двострана комуникација во која  добиваат и Кнауф и архитектите.

knauf akademija debar ohrid struga (15)

Покрај предавањата имаше време за разгледување на градот Охрид и неговата околина. На свечаната вечера во хотелот „Изгрев“ свиреше Влатко Стефановски трио, незаборавна ноќ за многумина учесници.knauf akademija debar ohrid struga (17) knauf akademija debar ohrid struga (18) knauf akademija debar ohrid struga (19)

Утредента беше организирана посета на фабриката  Кнауф во Дебар како и посета на рудникот за гипс.knauf akademija debar ohrid struga (3) knauf akademija debar ohrid struga (2) knauf akademija debar ohrid struga

Годинешнава Кнауф Академија заврши со свечен ручек во реторанот „Туто“ во селото Јанче.  Довидување до следната Академија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top