Насловна / Вести / Ќе се градат уште 420 метри од пешачката патека кон Горица

Ќе се градат уште 420 метри од пешачката патека кон Горица

gorica pateka

Градежните зафати на пешачката патека која води до Горица во Охрид ќе продолжат по завршувањето на летната туристичка сезона.

Досега се изградени 210 метри, а од наесен е предвидено да се доизградат уште 420 метри, информира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пишува OhridNews.

Две третини од средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а останатиот дел преку гранд од ИПА програмата, односно проектот за прекугранична соработка .

Наредната година ќе се доизгради и останатиот дел од патеката чија вкупна должина ќе изнесува 1200 метри.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top