Насловна / Архитектура / Камен-темелник на новото општинско основно училиште „Капиштец“

Камен-темелник на новото општинско основно училиште „Капиштец“

Денеска, на Светскиот ден на учителот, општина Центар ја започнува изградбата на новото современо основно училиште во Капиштец.

По 47 години, ова ќе биде прво изградено училиште во општината. Училиштето, кое треба да ги задоволи стандардите за современо образование на деца од шест до 15-годишна возраст, ќе има капацитет до 500-тини ученици, распределени во 18 паралелки од 1-во до 9-то одделение.ou-kapistec-1

Изградбата целосно ќе биде покриена од буџетот на општина Центар.
Новото училиште ќе го носи името „Капиштец”. Таканареченото „школо-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2.
Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и висококвалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. ou-kapistec-2

Кабинетите ќе имаат најсовремена опрема, греењето ќе биде подно, а ќе биде овозможен и пристап на лица со посебни потреби.

Заложбата на општина Центар за заштита на животната средина ќе се реализира преку т.н. „зелена маса“, која вклучува и ботаничка градина. ou-kapistec-3

Иако најголема во општина Центар, оваа населба нема основно училиште и родителите се принудени да ги носат децата во други подалечни училишта во општината, па дури и во другите соседни општини.ou-kapistec-4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top